25.5 C
Shtip
spot_img

Не е баш “мед и млеко” во Дубаи, ова е вистинската слика за животот таму

Британката Елби Хеншо од Барнет, северен Лондон, откри дека животот во „гламурозниот“ Дубаи не е толку лесен како што изгледа на социјалните мрежи.

Од сон за луксуз – до шест дена работа неделно

Хеншо, 23-годишна персонална тренерка, се преселила во Дубаи во јануари, откако за време на одмор се вљубила во Арапскиот Полуостров. Со финансиска помош од родителите го започнала новиот живот и брзо нашла работа во теретана со „клиенти од високото општество“.

Но, трошоците ја дочекале со вистински шок. Вели дека и обичен јогурт чини 12 фунти, а животот бара најмалку 5.000 фунти месечно за комотен стандард. За да може да си дозволи живот во градот, таа денес работи шест дена неделно, а често и дополнителни смени.

– Во Британија бев депресивна и безволна. Овде сите се посреќни, поактивни и постојано сакаат да бидат подобра верзија од себе – објаснува Елби.

Трошоци и реалност

Хеншо во Дубаи дели стан со уште две девојки. Освен високите кирии и депозитите за станови и автомобили, вели дека и секојдневните трошоци се многу скапи:

  • капучино – 34 дирхами (7,9 евра)
  • мелено месо – 25 дирхами (5,7 евра)
  • јагоди – 30 – 40 дирхами (6,9 – 9,2 евра)
  • јогурт Fage, 1 литар – 60 дирхами (13,8 евра)
  • најевтино парче облека во Zara – 130 – 150 дирхами (30 – 35 евра)
  • чаша вино во клуб – најмалку 99 дирхами (23 евра).

– Работам постојано за да можам да уживам во градот. Има многу групи и апликации за викенд-работи, па секогаш може да се најде дополнителен извор на приход – додава таа.

Живот помеѓу луксуз и осаменост

Преселувањето не било лесно – првите месеци ги минала во средување на документи, отворање сметки и прилагодување на новиот ритам. Вели дека во Дубаи недостига „чувство на заедница“ и дека запознавањето партнери е многу потешко без апликации.

– Тешко е да запознаеш некого спонтано, сите се презафатени 24/7. Луѓето обично доаѓаат со семејства или партнери, а оние што се слободни ретко бараат нешто сериозно – истакнува таа.

Иако и недостигаат пабовите и заедничкиот дух од Британија, Елби признава дека се заљубила во градот и не планира наскоро да се врати.

– Сакам животот овде, но ако на 27 години сè уште не сум во сериозна врска, ќе се вратам во Британија – вели таа.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img