21.3 C
Shtip
spot_img

Младата пејачка Тамара Грујеска вечерва ќе настапи на Сан Ремо Јуниор

Младата пејачка Тамара Грујеска (14) вечерва ќе настапи на годинашниот Санремо Јуниор во Санремо, Италија. Нејзиниот настап на 16. издание на овој реномиран фестивал за талентирани деца ќе биде во легендарниот театар Аристон во Санремо од 21 часот. Изведувачите ќе ги придружува оркестарот на фестивалот Санремо, составен од 32 музичари.

„По настапот на Детскиот избор за песна на Евровизија во Ница, Франција повторно стапнувам на голема светска сцена. Ќе ја пеам во живо со евровизиската победничка песна ‘Rise Like A Phoenix’. Многу сум возбудена и покрај сè она што се случи во нашата земја и се надевам дека ќе ја добијам поддршката. Вечерашниот настап го посветувам на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест“, изјави Грујеска за МИА.

Таа е македонската претставничка на овој престижен фестивал, во конкуренција на учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

Во досегашната кариера, Грујеска е добитничка повеќе значајни награди на фестивали во Русија, Србија, Грција.

За овој настап, таа се подготвуваше со нашата поп пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска.

Грујеска има закажано повеќе настапи за годинава, меѓу кои и на фестивалот во Естонија „Tallin Voice 2025“ од 1 до 5 мај и на „Musicland“ во Битола и Охрид 13 до 17 август.

━ повеќе содржини

Штип е втора општина на Балканот која Статутот го приспособи на Брајово писмо!

Општина Штип продолжува активно да работи на создавање инклузивна, достапна и отворена заедница за сите граѓани. Со особена чест и гордост ве информираме дека...

Поранешниот фудбалер на Брегалница, Томислав Блажевски го носи новиот германски газда во клубот!

За загарантирана годишна минимална инвестиција од 600.000 евра, германскиот фудбалски инвеститор Франк Саломон ќе го превземе менаџирањето на ФК Брегалница Штип. Понуда за која...

Штипјанецот Влатко Јакимов и неговите “Емигранти” денес во 12:00 промовираат нова песна и спот!

Денес, во 12:00 премиерно излегува „MI60“ од ЕМИГРАНТИ. Видео создадено со вистинска енергија, фанови и луѓе од различни страни на светот: Milton, Ontario Toronto, Ontario New York,...

Штипјанецот Миро Кацаров ќе раководи со Универзална сала!

Познатиот ТВ водител Миро Кацаров е нов директор на Универзална Сала во Скопје. Ова го покажуваат последните промени извршени во Централниот регистар на Република...

Штипјанката Андреа Нисева денес ќе се бори за злато!

Младата борачка Андреа Нисева обезбеди место во големото финале на Европското првенство до 17 години, кое се одржува во Самоков, Бугарија, откако имаше одличен...
spot_img