17.8 C
Shtip
spot_img

Марија Патраклиска од Штип е меѓу 30 најуспешни жени-менаџери во Македонија!

Штипјанката Марија Патриклиска меѓу 30 најуспешните жени менаџери во државата

Агенцијата Марили по 30-ти пат ќе ги додели признанијата на најуспешните жени менаџери од земјава, на свечена манифестација што ќе се одржи во Скопје.

Јубилејното издание на „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе обедини бизнис-лидерки од различни сектори, кои со својата работа оставиле значаен белег во македонската економија.

Годинава ќе бидат наградени 30 менаџерки, избрани врз основа на строги критериуми, меѓу кои најмалку десетгодишно успешно управување во приватниот сектор, континуирани деловни резултати и препораки од деловни партнери.

Наградата што ќе ја добијат лауреатките е статуетката „Жена водилка“, авторско дело на штипјанецот Никола Смилков.

Меѓу годинашните лауреатки се менаџерки од финансискиот сектор, здравството, индустријата, услугите и претприемништвото, што ја потврдува разновидноста и силата на женското лидерство во земјава.

Во објавената листа на најуспешни жени менаџерки се и м-р Марија Патриклиска, менаџер во одделот за човечки ресурси, ЕАМ ДОО, Штип, м-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка на „Кондево МК ДООЕЛ“ Штип, м-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „Еурофарм“ , Битола и други.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img