25 C
Shtip
spot_img

Македонски лик во култната серија “Симпсонови”

В недела, 27 април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15. епизода од 36. сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец.

Оваа вест ја објави Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е основач на детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“.

– Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт… бејзбол – објави Нешкоска.

Додаде дека таа лично имала консултантска улога, а сите тројца учествувале во превод и испеале песна преведена од англиски на македонски.

Сиже за епизодата веќе е објавено и на IMDb.

Со оглед на тоа што епизодата сѐ уште не е објавена и не знаеме како ќе изгледа овој лик, решивме текстов да го илустрираме со слика генерирана од вештачката интелигенција.

━ повеќе содржини

Штипјанка измамена за скоро 5.000 евра: Лажен директор на финансиско друштво ѝ ветил кредит

Жена од Штип пријавила дека била измамена за повеќе од 4.700 евра, откако лице кое се претставило како директор на финансиско друштво ја контактирало...

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...
spot_img