10 C
Shtip
spot_img

Македонија преплавена со стари, претежно дизел возила постари преку 20 години

Во последната деценија македонските патишта се преплавени со половни возила – повеќе од 80% од увезените автомобили не се нови. Само оваа година, на еден нов автомобил доаѓаат просечно 3,5 половни, што е показател за долготрајната доминација на старите возила. Според податоците од Царинската управа, од јануари до ноември 2025 година се увезени 53.867 патнички автомобили, од кои 41.842 биле половни, а само 12.025 нови.

Истовремено, бројот на регистрирани возила е дуплиран во последните дванаесет години – од околу 350.000 во 2012 на речиси 700.000 во 2024 година. Просечната старост на автомобилите е скокната на 19,4 години, што значи дека на патиштата се движат сè повеќе стари и веќе изношени возила. Дури 87,9% од сите автомобили се постари од десет години, додека новите, не постари од две години, сочинуваат само 1,8%.

Градот Скопје носи значителен дел од автомобилскиот товар – речиси секое трето возило во земјава е регистрирано токму во главниот град. Од вкупно 699.111 возила, 229.546 се во Скопје, а уделот е уште поголем кај товарните автомобили – над 38%. Патничките возила во Скопје сочинуваат околу 33% од вкупниот број во земјава, додека мотоциклите се речиси 30%.

На македонските патишта доминираат дизел возила – речиси две третини од патничките автомобили користат дизел гориво. Бензинците бележат постојан пад, додека електричните и хибридните возила, иако сè уште мал сегмент, растат со експлозивна брзина: минатата година електричните се зголемиле за 169%, а хибридните за неверојатни 295%. Во 2024 година на улиците имало 1.507 електрични и 5.078 хибридни возила, наспроти само 561 електрично и 1.287 хибридни во 2023.

Стареењето на автомобилската флота е посебно изразено кај патничките автомобили – просечната старост се зголемила за 3,7 години од 2009 до 2024 година. Товарните и влечните возила стареат побавно, а автобусите речиси не се менуваат – просечната старост кај нив е околу 18,8 години.

Овој тренд ја потенцира континуираната зависност од половни возила и недостатокот на свежи нови автомобили на патиштата. Од вкупно над 455.000 возила кои се под Еуро 5 стандардот, многу се старо производство и со повисоки емисии на штетни гасови.

━ повеќе содржини

Горан Тонев: Никогаш не разговаравме за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот

„Пожарот настана над бината. Се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, одгоре од сунѓерот капеа капки,...

Интересно тврдење – шимпанзата се пијанчат јадејќи овошје

Шимпанзата во дивината често јадат овошје коешто природно содржи алкохол, се вели во ново истражување на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, САД. Овошјето гамбеја албида...

Златото достигна вртоглава цена – 141 евро за грам!

Цената на златото на меѓународните берзи денес (26 февруари 2026) се движи на над 141 евра по грам за 24-каратно злато, според најновите податоци...

Мој ДДВ се зголемува од 2100 на 4200 денари?

Се најави поднесување измени на два закони со цел финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните...

22 години без претседателот Борис Трајковски!

Дваесет и две години по трагичниот 26 февруари 2004 година, споменот на Борис Трајковски останува жив, како симбол на државничка посветеност и како болна...
spot_img