18.7 C
Shtip
spot_img

Лоши вести за Шкендија: Крај на сезоната за Штипјанецот Ване Крстевски!

Лоши вести за Шкендија. Крилниот напаѓач на Шкендија, Ване Крстевски претрпе фрактура на клучната коска со дислокација, повреда поради која ќе мора на итна хируршка интервенција.

„Есенската полусезона за Крстевски е завршена и неговото враќање ќе зависи од текот на опоравувањето по интервенцијата и фазата на рехабилитација“ – информираат од Шкендија, притоа осврнувајќи се и на повредата на голманот Амзаи.

„Од друга страна, има попозитивни вести за голманот Астрит Амзаи, кој започна со лесни тренинзи по проблемите со болките во грбот. Тој веќе е на теренот и работи под грижа на медицинскиот персонал, но сè уште не тренира со полн интензитет. За време на утрешниот тренинг ќе се процени неговата конечна состојба, за да се види дали ќе биде подготвен да се натпреварува на натпреварот во четврток против Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА“.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img