Ливерпул објави дека дресот со број 20 на клубот ќе биде повлечен од употреба по трагичната смрт на Диого Жота , кој го носеше бројот за време на неговиот престој во „Црвените“.
„Бројот 20 со право ќе биде овековечен за неговиот придонес во титулата на Ливерпул во сезоната 2024/25 – 20-тата за клубот. Со неговиот гол за запечатување на победата во дербито на Мерсисајд во април – трогателниот последен гол во неговиот живот“, напиша клубот во соопштение на социјалните мрежи.
Ливерпул исто така се потсети на некои моменти и изјави на Португалецот, кој вчера трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, упатувајќи се да фати брод кон Англија, со оглед дека лекарите му препорачале да не патува со авион поради тоа што правел операција на белите дробови.