25.5 C
Shtip
spot_img

Кој прошета по пистата на ревијата на „Викторијас сикрет“ во Њујорк? (прилог со фотографии)

Њујорк– Ангелите се вратија. Долгоочекуваната модна ревија на „Викторијас сикрет“ за 2025 година синоќа  се одржа во Њујорк, а најпознатите имиња во светот на манекенството прошетаа по пистата, вклучувајќи ги Џиџи и Бела Хадид, Адријана Лима и Бехати Принслу. Настапот беше емитуван во живо на Инстаграм, Јутјуб, ТикТок и Амазон Прајм Видео.

Иако розовиот тепих беше полн со ѕвезди, вистинската магија се случи на модната писта, каде моделите гордо ги претставија најновите парчиња долна облека.

Адриана Лима

Настапија музички ѕвезди

Годинешната ревија, каде што настапија и музичките ѕвезди Карол Г, Медисон Бир, Миси Елиот и ТВИС, беше посебен момент за сите учесници.

Џиџи Хадид истакна како нејзините денови во „Викторијас сикрет“ се променија од нејзиното деби во 2015 година, бидејќи сега е мајка на петгодишната ќерка Каи, која ја има со поранешниот партнер Зајн Малик.

Ирина Шајк

Подготовки како на спортист

За да блесне на пистата, потребни се обемни подготовки, што го потврди и моделот Анок Јаи, кој ги спореди со тренингот на професионалните спортисти. „Мојот тренер ме мачеше седум дена во неделата“, призна таа во објава на Инстаграм. „Ги подготвувам мускулите на грбот за крилјата. Вежбам одење, а задникот ќе ми биде убав и заоблен.“

Но, целиот труд се исплати, велат тие. „Никогаш во животот не сум се чувствувала посекси“, нагласи 27-годишната. „Би било лудо кога луѓето би можеле да видат, да речеме, сè што е потребно за да се стане модел на VS.“

Алесандра Амброзио

Сон што се остварува за ѕвезда на WNBA

Ѕвездата на WNBA, Ангел Рис, се согласува со тоа, бидејќи откри дека отсекогаш сонувала да стане ангел на Викторијас Сикрет. „Го манифестирав овој момент“, изјави 23-годишната за E! News зад сцената. „Минатата година објавив во мојата приказна дека ќе бидам модел на Викторијас Сикрет и тоа буквално се случи помалку од една година подоцна.“

Емили Ратајковски
Бела Хадид
Стела Максвел

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img