30.6 C
Shtip
spot_img

Изгоревте на сонце: Два природни лекови се спас, но важно е кога ќе ги примените, а не веднаш

Претераната изложеност на сонце нема да ви ја направи кожата поубава и исончана, туку може само да ви направи дополнителен проблем – изгореници. Потоа сѐ што останува е црвенило, чешање и пецкање на кожата.

Доколку не сакате да бидете црвени како рак, избегнувајте претерано сончање од 11 до 16 часот бидејќи тогаш УВ зраците се најсилни, а доколку веќе е касно и кожата ви настрадала, еве некои совети од дерматолог.

Имено, дерматолозите сметаат дека алое вера и кокосово масло можат да помогнат во ублажувањето на изгорениците и намалувањето на лузните предизвикани од преголемата изложеност на сонце, пишува Well and Good. Меѓутоа, дерматологот Гита Јадав, основач на FACET Dermatology од Торонто, Канада, вели дека е важно и кога се употребува кокосовото масло.

„Ако го нанесете пребрзо откако сте изгореле на сонце, може да ја влошите болната, отечена и спржена кожа бидејќи така ќе задржи топлина. Затоа препорачувам прво да се употреби алое вера, а потоа кокосово масло“, објаснува таа.

Тоа значи дека ако имате било какви проблеми во врска со кожа изгорена на сонце, заборавете на нанесување на кокосово масло и држете се до разладување со алое вера или крема за сончање.

„Алое вера ѝ овозможува на кожата да дише и за изгореници од сонце најдобро е да се користи во почетокот. Кокосовото масло е подобро да се користи во подоцнежните фази од опоравувањето од изгорениците, кога кожата се лупи“, советува д-р Јадав.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img