32 C
Shtip
spot_img

Злато во вредност од пола милион евра запленето на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра. Откако ја поминале пасошката контрола на Аеродромот во Скопје, осомничените поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена, информира од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

━ повеќе содржини

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...

101 година од „Палјачи“ – првата опера во Македонија која се одржала во Штип!

На 29 август 1925 година, во просториите на тогашниот Офицерски дом во Штип, се кренала завесата за операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало....

Благослов и молитва за почетокот на новата учебна година во Штип!

Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти,...
spot_img