31.5 C
Shtip
spot_img

Затворениот базен во Штип е спремен за пуштање во употреба!

По пет и пол години застој во изградбата, зимскиот базен во Штип конечно ќе биде отворен, откако Општина Штип и инвеститорот Министерството за спорт ја продолжија работа пред неколку месеци. Општина Штип вчера го асфалтира паркинг просторот околу базенот со капацитет за педесетина возила, што чини 1,4 милиони денари (околу 23.000 евра). Се завршуваат и работите внатре во базенот, па веќе е спремен за пуштање.

Базенот почна да се гради пред повеќе од пет години, во времето на директорот на тогашната Агенција за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски кој во февруари 2020 го стави темелникот и тоа беше негова последна посета на овој објект, кој според неговата најава требаше да биде готов во 2021.

Директорот по него, Наумче Мојсовски, за време на целиот мандат воопшто не дојде во Штип да изврши увид на работите.

Објектот е покриен базен од 25 метри должина и девет метри широчина и е прв во Штип, каде пливачите од пливачкиот клуб „Челични“ досега зиме тренираа претежно во странство.

Од Општина Штип велат дека работите околу изградбата на покриениот базен тргнаа откако локацијата на базенот ја посети сегашниот министер за спорт, Борко Ристовски, кој во јанауари годинава најави интезивна работа со изведувачот на работите ои дека треба да завршат до крајот на ова лето.

Според првичните проценки, покриениот базен требаше да чини 600.000 евра, но се очекува зголемување на сумата поради долгото одлоување на работите. Пред 7 години, тогашната Агенција за млади и спорт најави изградба на зимски базени во 14 градови во Македонија, од кои се изградија само два. Според сегашното Министерство за спорт, Штип е еден од петте градови во Македонија кои до крајот на летото ќе имаат изградени покриени базени.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img