30.6 C
Shtip
spot_img

Започнаа уписите на УГД

Почнаа уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за академската 2025/2026 година! Од денес сите кандидати кои аплицирале преку сајтот на Универзитетот, имаат можност да ги достават своите документи во петте градови: Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци и Гевгелија.

Проректорот Мишко Џидров апелираше на кандидатите да ја искористат оваа можност и да не патуваат во овие жешки температури. За студентите кои се заинтересирани за студиски програми во Штип, а живеат во Струмица, документацијата може да ја достават во Струмица. Како што рече тој првиот уписен рок ќе трае до 22 август, а за сите оние кои ќе го пропуштат, следуваат два дополнителни рока на 4 и 5 септември, како и на 17 и 18 септември.

,,Универзитетот Гоце Делчев, денеска ги започнува своите уписи. Во наредните три дена, односно 20,21 и 22 август, сите оние кандидати кои што веќе влегле на нашиот сајт и направиле профил и аплицирале, ќе мора да ни ги достават своите документи во еден од нашите центри во државата. Покрај во Штип, документите ќе можат да ги достават во Скопје, Струмица, Кавадарци и во Гевгелија. Мора да напоменам дека ако се интересираат за студиска програма, која што е во Штип, а живеат во Струмица, можат документите да ги достават во Струмица и да не патуваат во овие жешки температури. За сите оние кои што не се решиле, можат да го отворат нашиот сајт и да ги погледнат нашите 80 студиски програми, на 12 факултети и 3 уметнички академии и да се познаат во нив и да се запишат. По завршувањето на првиот уписен рок, ни следува и вториот на 4 и 5 септември и третиот на 17 и 18 септември.“, рече Џидров

Сите оние кои што успешно го завршиле средното образование и имаат повеќе од 80 поени, по запишувањето треба да проверат дали се ослобени од плаќањето партиципација, додаде проректорот Џидров. Потенцираше дека бројките се различни во сите факултети.

Инаку, проректорот дополнително истакна дека во месец октомври ќе биде објавен и конкурсот за ранливи категории, во кој што УГД ќе се обиде да помогне на некој специфични категории на студенти кои што ќе се зпаишат и истиот се организира по барање на студентите и невладините сектори.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img