20.1 C
Shtip
spot_img

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши еден долгогодишен проблем овде. Ова е по барање на жителите од овој дел од градот, додека претходно овде беше завршена првата фаза во делот на предвидената индустрија. Во наредниот период ќе се пристапи и на асфалтирање на неколку краци од улици.

„Повеќе од 150 викенд куќи се опфатени со овој проект. Еден од приоритетите на Локална самоуправа е да обезбеди уредување со подземна инфраструктура со водоводна мрежа. Првата фаза е завршена, завршен е делот на иднустријата која е предвидена во Пуждино.“ – вели Јорданов.

За овој проект од Буџетот на општината се издвоени околу 10 милиони денари, а активностите треба да бидат завршени во рок од еден месец.

„Повеќе од 10 милиони деанри се одвоени, и верувам дека полека но сигурно сѐ она што го имаме ветено по однос на викенд населбата Плуждино ќе стане реалност. Овие зафати и активности да завршат за околу еден месец“ – додава Јорданов.

Со овие активности на терен ќе се завршат предвидени градежни работи во викенд населбата Плуждино, кои претходно се ветени.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img