9 C
Shtip
spot_img

Едно лице загина, а тинејџер е тешко повреден во вчерашната сообраќајка на експресниот пат Штип – Велес

Едно лице загина, а 18-годишно момче е тешко повредено во директен судир на два автомобили што се случи вчера попладнето на експресниот пат Штип – Велес. 

Според информациите од Итната медицинска помош во Велес, нивна екипа била повикана во 14:20 часот и за десетина минути пристигнала на местото на несреќата, на крстосницата кон село Иванковци.

„Констатиравме смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир“, изјави д-р Елена Најдовска.

Лекарска помош веднаш му била укажана на 18-годишното момче од Струмица, кое се наоѓало во другото возило. Според докторката, тој имал повреди на карлицата, десното колено и главата, но бил свесен и контактибилен. По укажаната прва помош, момчето е пренесено во Ургентниот центар во Општата болница во Велес.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img