31.2 C
Shtip
spot_img

На УГД се одржа работилница за вештачката интелигенција

Факултетот за образовни науки при УГД продолжи со реализација на настани од серијалот посветен на темата вештачка интелигенција во образованието.

– Почнавме со една обука пред околу една година, серијата продолжува и денес, а последната обука беше предавањето на професорот Сашо Коцевски. Денес веќе имаме обука за софтвер, алатка која им помага на наставниците во планирањето на нивните активности. Факултетот за образовни науки ги иницира овие активности за најновите трендови во образованието, кои ги вклучуваат и вештачката интелигенција и употребата на најсовремените технологии. Тоа е тренд кој нашиот факултет, а и современото образование, сакале-нејќеле, мора да го следи – изјави деканот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Стојанов.

Елена Ончевска-Агер, редовна професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, заедно со д-р Метју Агер, е автор на апликацијата Noticing и ја реализираа денешната обука „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“.

– Апликацијата Noticing користи вештачка интелигенција за да им помогне на наставниците во планирањето и во рефлексијата, размислувањето по часовите. Главната цел е професионален развој, Метју ја дизајнираше апликацијата, а јас учествував во педагошката подлога. Сметаме дека употребата на алатките што користат вештачка интелигенција вон контекст може да биде проблематична за наставниците бидејќи не можеме да претпоставиме дека авторите на моделите што користат вештачка интелигенција ја зеле педагогијата предвид кога ги развивале тие алатки. Во таа смисла, сметаме дека наша должност е доколку сакаме одговорно да го користиме тие алатки, да ја донесеме таа педагошка мисла, педагошка основа, со цел овие алатки не само да се безбедни туку и корисни за наставниците. Денес, на пример, наставниците си донесоа сопствени планови за час, кои ќе ги рафинираат со употреба на вештачка интелигенција.
Не веруваме дека вештачката интелигенција може како со магично стапче да произведе наставни планови вон контекст. Таа ќе произведе, меѓутоа, шансите дека тие наставни планови ќе бидат корисни за нашите ученици, студенти се многу мали. Така што сметаме дека наставникот е клучен фактор во обликувањето на наставниот план, а вештачката интелигенција може да помогне со цел да го насочи или пренасочи нашето внимание, со цел да размислиме за поголем дел од комплексноста на училницата – изјави Ончевска.

На обуката учествуваа наставници и професори од високото образование, средните и основните училишта, како и од детските градинки.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img