24.7 C
Shtip
spot_img

Евролигата се зголемува на 20 клубови

Кошаркарската Евролига во идната сезона ќе има рекордни 20 клуба (досега играа 18), донесе неколку измени во календарот и донесе правила што имаат цел да обезбедат финансиска одржливост, да промовираат фер игра и да одржуваат конкурентна рамнотежа.
Во новата сезона на најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување, Евролигата, ќе настапат Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Дубаи, Милан, Барселона, Баерн, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, АСВЕЛ, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис. Евролигата им одреди долгорочни лиценци на Црвена звезда, Партизан, Валенсија, Виртус (по три години) и на Дубаи (пет години), а дополнително е договорено да се продолжат разговорите со Париз за потенцијална долгорочна соработка, објави Евролигата. Одредени се и 20-те учесниците во идната сезона во Еврокупот.
Редовната сезона ќе се зголеми од 34 на 38 кола, нудејќи им на гледачите уште повеќе кошарка на високо ниво во текот на годината. Сезоната во Евролигата ќе почне со недела во која ќе има две кола. Двете натпреварувања треба да почнат на 30 септември, а шампионите треба да бидат познати на 28 април или на 1 мај 2026 година во Еврокупот и на 24 мај в година во Евролигата. Натпреварот за третото место повеќе нема да се игра, почнувајќи од фајналфор-турнирот за сезоната 2025/2026, на кој сега ќе се играат двете полуфиналиња и мечот за титулата европски шампион.
Дополнително, натпреварите во текот на ноемврискиот термин за квалификации на репрезентациите ќе бидат преместени за вторник и за среда, за да се олесни достапноста на играчите за нивните репрезентации.
Евролигата го разгледа тековниот дел за одредување домаќини на фајналфор-турнирите во 2026 и во 2027 година. Разговорите со градовите-кандидати напредуваат, а конечните одлуки се очекуваат наскоро, пишува Евролигата.
Како подготовка за форматот од 20 тима и за приспособување на постојните регулативи на проширената лига, Евролигата одобри неколку подобрувања на стандардите за конкурентна рамнотежа, што претставува дел од пошироката рамка за финансиска стабилност и фер игра. Овие промени имаат цел да обезбедат финансиска одржливост, да промовираат фер игра и да одржуваат конкурентна рамнотежа, објави Евролигата.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img