21.8 C
Shtip
spot_img

Доларот расте, златото близу рекордното ниво

На девизните пазари американскиот долар порасна во однос на главните светски валути во петокот, ден откако го забележа најдоброто остварување во последните три седмици, бидејќи централната банка на САД сигнализираше дека нема да брза со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на зелената банкнота во однос на шесте главни светски валути, претпладнево порасна за 0,21 отсто, на 104,01 поен, над неговиот раст од 0,36 отсто во четвртокот.

Индексот го допре петмесечен минимум од 103,19 поени претходно оваа седмица, откако постепено ослабна од 13 јануари, паѓајќи од највисокото ниво од крајот на 2022 година од 110,17 поени. Причината за слабеењето на доларот е нервозата на инвеститорите дека глобалната трговска војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп ќе предизвика рецесија во САД.

Сепак, во средата Fed ги задржа каматните стапки на нивното сегашно ниво и најави намалување за два квартал поен подоцна оваа година, а претседателот на Fed, Џером Пауел рече дека нема да брза да ги намали, давајќи си време да процени како царините на Трамп ќе влијаат на економијата.

Курсот на еврото, кој има убедливо најголема тежина во индексот на доларот, претпладнево се лизна за 0,18 отсто, на 1,0831 долар, откако претходниот ден ослабе за 0,45 отсто. Доларот зајакна и во однос на јенот за 0,42 отсто и претпланево со него се тргуваше за 149,4 јени.

Во такви услови цената на златото се приближува до рекордно ниво – во петокот на светските берзи унца чинеше 3.031,5 долари, само малку над рекордното ниво од 3.055 долари, кое го достигна во четвртокот.

━ повеќе содржини

КК Соколи на 2 победи до 1-ва лига!

Кошаркарите на штипскиот кошаркарски клуб Соколи 1933 во 1/4 финалната серија од втората македонска кошаркарска лига со 2:0 славеа над КК Бутел од Скопје,...

Македонец во Америка продава леб кој се вика “Лепа Брена”, пејачката лично дошла во пекарата да провери

Сопственикот на пекара во Соединетите Американски Држави со потекло од Македонија неодамна во подкастот „Only in America“ откри како дошол до идејата еден од...

Ако го забележите овој детал на доматите, тоа значи дека се полни со пестициди

Веројатно сте застанале пред тезга на пазарот и сте се запрашале дали доматот што сакате да го купите е третиран со пестициди. За да...

Тренд во светот: Pistaccino – кафе за сите љубители на ф’стаци и благо

Вистински хит во најпознатите кафетерии ширум светот е кафето подготвено со ф'стаци. Македонските угостители го најавуваат и кај нас. Ако и Вие сте страсни...

Македонија го одбележува 9 мај – ден на борбата за мир и правда

Македонија со низа настани го одбележува Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во време кога сите земји во Европа прават сè за мирот и безбедноста да...
spot_img