Интервентниот кардиолог со сериозни обвинувања – приватни болници изведуваат ризични интервенции без медицинска потреба
Во денешното издание на емисијата „Стадион“, гостин беше реномираниот интервентен кардиолог Сашко Кедев, кој изнесе алармантни обвинувања за изведување на непотребни хируршки интервенции врз пациенти во земјава.
„Голем дел од мојата консултативна работа е насочена кон одвраќање на луѓе од непотребни интервенции – непотребни стентирања, непотребни операции. Денес сме сведоци на нешто застрашувачко: интервенции кои се прават исклучиво за профит,“ изјави Кедев.
Тој додаде дека постои „пролиферација на приватни болници“ каде што примарниот интерес е профитот, а не здравјето на пациентите. „Имаме докази дека во одредени центри се вршат операции без вистинска медицинска потреба. Се отворале гради, се вршеле сложени хируршки зафати – и тоа без индикација. Во Англија или Америка вакви центри веднаш би биле затворени,“ нагласи кардиологот.
Кедев апелираше релевантните институции, особено Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, да преземат мерки, бидејќи и тие финансираат дел од ваквите интервенции. „Станува збор за многу сериозни етички проблеми поврзани со профитот,“ предупреди тој.
Целата емисија, со наслов „На врвот на светот“, може да ја погледнете на следниот линк: