Ивана Ангеличкова е нов директор на Астибовата градинка во Штип, на местото на Илија Митров кој е веќе поранешен директор. Ангеличкова, до денес беше директорка на градинката Вера Циривири. На нејзино место, доаѓа Ана Јакимова, која засега ќе биде вршител на должноста. Рокадата доаѓа со причина, градоначалникот Јорданов изјави дека не е задоволен од работата и раководењето на веќе поранешниот директор Митров.







