Дејан Митров со уште едно злато на Меѓународниот Турнир во Пеливанско борење во Пласница.
Во Пласница се одржа голем Меѓународен турнир во Пеливанско борење каде штипските борачи постигнаа огромни успеси во конкуренција на борци од Турција, Бугарија, Македонија и Косово.
Штипската легенда Дејан Митров го освои Првото место во Втора рака во спектакуларен финален меч кој траеше неверојатни 50 минути. Освен Митров, со медал се закити и Давор Тасев, а од Штип учествуваа уште и Никола Гичев, Стефан Стојков, Горан Ангелов, Стојанче Данаилов и Тоше Ангелов.







