22.2 C
Shtip
spot_img

Дејан Митров прв на интернационалниот турнир во пеливанско борење во Кичево

Пеливанскиот клуб Дејан Митров од Штип изминатиот викенд настапи на меѓународен турнир во пеливанско борење кој се одржуваше во Кичево, а штипскиот клуб настапи во поширок состав.

Марио Ананиев продолжува со победи откако имаше три победи и еден пораз и го освои второто место во петтата категорија.

Сензација на турнрот беше искусниот Горан Ангелов кој во второто коло го победи Турчинот кој беше прв на претходниот турнир, но за жал поради повреда загуби во третото коло.

Искусниот Дејан Митров го освои првото место во втора категорија. Во првото коло имаше победа против Шабан Исмаили, во второто коло против Фадил Назифов од Штип, а пак во полуфиналето победа против Басри Јусуфи. Во финалето нерешено со Фати Вејсели, по судиска одлука триумф за Дејан Митров и прво место.

Забележителни настапи на овој меѓународен турнир во Кичево имаа и Христијан Димитриевски и Стојанче Данилов.

Клубот на Дејан Митров продолжува со подоготовки за следнот викенд, а на 27 јули следува нов предизвик.

Овој спорт станува се поатрактивен и буди се поголем интерес кај младите кои сакаат да започна со спортување на истиот. Пеливанското борење е слично на борењето слободен стил.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img