11.6 C
Shtip
spot_img

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија, беше родум од Витанија, близу Јерусалим. Во време на својот живот на земјата Господ Исус Христос често го посетуваше домот на Лазара, кого многу го сакаше и го нарекуваше Свој пријател (Јн. 11: 3, 5, 11). Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и се уверија во воскресението Лазарево, та станаа следбеници Христови. Затоа првосвештениците сакаа покрај Исуса Христа да го убијат и Лазара. По своето воскресение, светиот Лазар живееше уште 30 години. Беше епископ на островот Кипар, каде што го ширеше Христијанството. Таму, на Кипар, мирно се упокои и е погребан во градот кој поради гробот на светиот Лазар денес се нарекува Ларнака, што значи „кивот“. Во 898 година византискиот император Лав Мудри (886-911) ги пренесе неговите мошти во Константинопол и ги постави во храмот кој го носи неговото име.

━ повеќе содржини

Млади од цела Македонија во потрага по кариерни можности – денес на УГД!

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше пулсот на младинската енергија, идеи и нови можности! Повеќе од 40 компании, стипендии, пракси и вработувања –...

Роналдињо му испрати порака на Вучиќ и ги разочара Србите

Легендарниот Бразилец Роналдињо одговори на поканата од Србија и прифати да биде еден од гостите на светската изложба „Експо 2027“ што ќе се одржи...

Шумахер со помош на сопругата се потпиша на кацига за хуманитарни цели

Миахел Шумахер, легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, потпиша специјална кацига за поддршка на добротворната организација на неговата колешка Џеки Стјуарт, Трка против...

Ти гледаш една цена – тие ти наплатуваат друга!

Во сè поголем број супермаркети и продавници низ државата, сè почесто се појавуваат случаи каде цената на производот прикажана на рафтот не се совпаѓа...

Младата Ангела Нацева од Штип доби повик од репрезентацијата

Младата фудбалерка Ангела Нацева доби повик и е дел од репрезентацијата на Македонија до 16 години. Фудбалерката на Швабен Аугсбург е дел од репрезентацијата...
spot_img