Живата на термометарот ќе се искачи до 40-тиот степен, метеоролозите прогнозираат дека денес (четврток, 26.06.2025) ќе биде најжешкиот ден досега годинава на нашата територија.
Препораките од докторите се да не се излегува на сонце во период од 10:00 до 18:00 часот, а напуштањето на домовите да биде само по нужна потреба.
Конзумирање на многу течности, во главно вода и избегнување на термички обработена храна. Носење на лесна и светла облека, по потреба и користење на чадор за сонце. Редовно разладувајте се со вода.
Посебен акцент од докторите се дава на препораките за внимание на влегување и излегување од климатизирани простории и автомобили на сонце. Прилагодувањето мора да биде постепено и крајно внимателно.