Голема крводарителска акцијa, традиционално пред божикните пости, денес организира Брегалничката епархија во храмот „Св. Никола“ во Штип. Акцијата стартува во 9 часот, кога свештеници и верници ќе даруваат крв со цел да се спаси нечиј живот. Протојереј Добрица Јанев упатува силен апел до сите граѓани што се во можност да се приклучат. Во просториите на храмот ќе бидат присутни екипите на Црвениот крст и трансфузиологија за брзо и безбедно дарување. „Животот е единственото нешто што не може да се купи“, потсетува Јанев, повикувајќи што повеќе луѓе да подарат надеж пред празниците.
,,Ватора година по ред станува традиционално, пред почетокот на божикните пости да организираме хуманитарна акција за дарување на крв. Ги покануваме сите свештеници и оние браќа и сестри, секој кој што сака и може да дарува капка од својата драгоцена течност, за да можеме да погонеме некој да се излечи и да оздрави, а со тоа здрав да го фали Бог. Оваа акција започнува денес со почетокто од 9 часот во просториите на храмот Св. Никола во Штип, т.е во крстилницата, каде што екипите на Црвен Крст и транфузионологија ќе бидат тука, за да успешно ја спроведеме оваа акција. Повикувам сите наши сограѓани, кои се во можност да повелат утре, да даруваме крв, да спасиме некој живот. Мотото е единственото нешто кое не може да се купи е животот. “, рече Јанев
Бидејќи лечењето е благословено уште од времето кога Господ Исус Христос ги исцелувал луѓето, а потоа свети апостол Матеј, Свети Пантелејмон и Светите Козма и Дамјан биле пример за богоугодни лекари, црквата ја продолжува нивната мисија на милосрдие
,,Бидејќи сам господ Исус Христос во евангелието ги лечил луѓето, дури и светиот апостол Матеј бил лекар, Свети Пантелејмон, Светите Козма и Дамјан, плејада лекари од Бога биле благословени да ги лекуваат луѓето, а со тоа Бог ја благословува и медицината, па така и ние чувствуваме за добро да ја спроведеме оваа акција.“, додава Јанев
Со оваа акција, Брегалничката епархија уште еднаш потсетува дека најголемото добро е она што го правиме за другите. А секоја донирана капка крв денес може да значи спасен живот утре – највистинскиот дар пред празниците.







