25.8 C
Shtip
spot_img

ДЕМАНТ ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИ ВО ВРСКА СО НАСТАПОТ НА ДИНО МЕРЛИН ВО ШТИП

Во пресрет на најголемиот настан во Македонија што ќе се одржи овој викенд во Штип, во јавноста се појавија лажни вести за наводни „специјални барања“ на изведувачот Дино Мерлин во делот на изгледот и обележјата на градот.

Официјално се демантираат ваквите дезинформации. Настапот на Дино Мерлин е организиран со почитување на сите правила и стандарди, без никакви условувања од страна на изведувачот.

„Свесни сме дека живееме во време на изместени вредности и дека ваквите дезинформации се само метод за ширење омраза и политичко лешинарење. Нашиот Штип добива од овој настан – преку култура, туризам и нова енергија за градот. Оние кои шират невистини, јасно е дека веќе губат во нивните бесцелни политички кампањи“, стои во реакцијата.

Дополнително, се нагласува дека истите структури кои денес шират лаги, се оние што со години го оставаа крстот на Исарот во темница.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img