“Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје!
Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на Купот на Одбојкарска федерација на Македонија 2026. По само краток период од нашето постоење го најдовме своето место меѓу најдобрите, во момент кога конкуренцијата е огромна. Ова е голем успех и јасен показател дека оваа екипа оди по вистинскиот пат.
Тежок и исцрпувачки натпревар, уморот се чувствуваше на теренот против навистина искусен противник, но девојките покажаа карактер, борбеност и срце – и на крајот заслужено се радувавме на победата.
Голема благодарност до публиката која ја исполни салата до последното место! Вашата поддршка се чувствуваше во секој поен, во секој сервис и во секој блок. Заедно се радувавме, заедно се боревме – и заедно победивме!
До следна победа
Ок Младост УГД” – стои во комплетната објава од клубот.
Им честитаме на успехот и им посакуваме уште многу успеси, победи и трофеи.







