12.1 C
Shtip
spot_img

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.

Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места. На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).

Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

━ повеќе содржини

Потресно сведоштво на сведок за трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”

Кристијан Панов, 20-годишен од Кочани и прв сведок на Обвинителството, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ изјави дека повремено работел како келнер...

Снежната бура во САД остави 230 000 семејства без струја, откажани се илјадници летови

Повеќе од 4 000 летови само во текот на вчерашниот ден биле откажани во САД, пред огромната зимска бура, која веќе ја прекина електричната...

УЈП со повик до граѓаните да бараат фискални од такси услугите

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават ако таксисти не им издаваат фискални сметки. Сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или...

ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВААТ СО ПРИЈАТЕЛКИТЕ НА СЕКОИ 22 ДЕНА ЗА ДА ГО ЗАЧУВААТ СВОЕТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, ПОКАЖУВААТ ИСТРАЖУВАЊА!

Бројот од 22 дена е само пример, но поминувањето време со најблиските пријателки не е само забава, тоа е биолошка потреба. Истражувањата покажуваат дека јаките...

Бекам флертувал со познатата српска пејачка во хотел во Дубаи

„Се сретнавме еднаш во хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше и ми намигнуваше, а јас го искулирав. Добрата страна што го одбив е...
spot_img