7.7 C
Shtip
spot_img

Гумите на бугати болид траат само 60 километри и чинат повеќе од половен автомобил

Кога станува збор за ретки хиперавтомобили кои чинат повеќе милиони долари и се направени само за тркачките патеки, логично е дека и трошоците за одржување се астрономски. Мени Кошбин, еден од 40-те среќници кои успеале да станат сопственици на бугати болид, со цена од 4 до 5 милиони долари, неодамна објави видео со интересни детали за хиперавтомобилот, вклучувајќи го и тоа што сè треба за да се спречи гумите да станат многу скапи гумени конфети.

Бугати препорачува сопствениците на болид да ги менуваат мазните гуми по само 60 километри користење на патека, со цел постигнување врвни перформанси и избегнување забивање во ѕид. А пред воопшто да се стигне до таму, гумите треба да бидат претходно загреани, па потоа монтирани и демонтирани три пати за постигнување некаков магичен „единствен шаблон на тракција“. Едноставно кажано, ова не се обични гуми.

Според Кошбин, нов комплет гуми за болид чини 8.000 долари. Иако тоа звучи скапо, сепак е многу подобро од озлогласениот пакет гуми за бугати широн кој чини 42.000 долари.

Бидејќи болид не може да се вози на улица, Бугати смислено го доставува со различен комплет тенки гуми за полесен транспорт. Ако успеете да му одолеете на поривот да беснеете на патеката и наместо тоа го чувате хиперавтомобилот во климатизирана гаража, тркачките гуми ќе траат околу пет години пред да треба да се заменат.

Друго нешто на што треба да внимаваат сопствениците на болид е дека неколку компоненти во ентериерот имаат рок на траење. Листата ги вклучува појасите на седиштата, некои тапацири, мешината за гориво и, секако, противпожарниот апарат. Подобро да се заменат овие работи на време отколку да се тестира нивната издржливост на брзина од 320 километри на час.

Кошбин е еден од првите купувачи во САД кој го добил својот бугати болид, искуство кое го сподели со своите 1,75 милиони следачи на Јутјуб. Неговата гаража веќе има импресивна колекција на егзотични машини, но дури и во тоа друштво бугати болид со својот 8,0-литарски W12 мотор и 1.600 коњски сили се истакнува како еден од најдобрите.

━ повеќе содржини

Најновиот телевизор на LG, личи на постер за ѕид и чини “само” 4700 евра!

Еден од највпечатливите уреди претставени на CES 2026 беше новиот телевизор „Wallpaper“ од LG, односно моделот LG OLED evo W6, кој привлече внимание со својот необичен дизајн...

Ќе има ли олеснување на граница? Македонија бара од Грција да ги укине биометриските проверки за летната сезона

Неизвесноста околу летната туристичка сезона се зголемува, откако македонската Туристичко-угостителска комора официјално побара од грчките власти туристите од земјава да бидат изземени од биометриските...

Успешно реализиран “Отворен и кариерен ден 2026 на УГД”

Отворен и кариерен ден 2026 на УГД Над 50 компании и стотици млади во директна средба со академијата и бизнисот. Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го...

Во недела во Штип – четврто издание на Superior Runs, изменет сообраќаен режим!

Штип во недела со изменет сообраќаен режим поради трката „Superior Runs 2026“ На 26 април, недела, во Штип ќе се одржи градската трка „Superior Runs...

Каратистите сами ќе го финансираат настапот на Европското првенство во Франкфурт

Карате федерацијата на Македонија (КФМ) донесе одлука натпреварувачите кои веќе имаат обезбедија учество на Европско првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до...
spot_img