“Некои соништа почнуваат со тивка покана… а завршуваат со громогласна песна.
Нашиот хор ја имаше честа да ја претстави Македонија во Дубаи – далеку од дома, но со татковината длабоко во срцето .

Поминавме низ златната пустина, стоевме пред величествената Dubai Fountain под светлината на Бурџ Калифа, се восхитувавме во Miracle Garden и го видовме светот собран на едно место во Global Village.

Но, ништо не беше посилно од моментот кога ја запеавме нашата песна.
Таму, на таа далечна сцена, Македонија не беше мала. Беше голема, горда и жива во секој наш тон.

Благодарни за честа. Горди што бевме дел од ова патување
И уште посигурни дека кога пееме од срце – граници не постојат.” – стои во објавата на членовите на хорот.








