Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите во оваа зона инвестирале во земјените работа на улицата, а додека Општината беше задолжена за асфалтирањето. Инвестицијата е во вредност од 3,2 милиони денари. Јорданов посочи дека со денешните активности се исправа една неправда, која е нанесана во минатото кон правните субјекти од Индустриската зона во Македонка.
-Имено минатото кога е градена Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) и кога е поставувана водоводната инфраструктура и инсталација била практично уништено инфраструктурата и пристпната улица до оваа Индустриска зона. Долги години наназад правните лица, сопствениците на капитал во Индустриската зона комуницирале за да изнајдат решение за проблемот, со кој што се среќавале, но еве дојде редот да ја исправиме таа неправда-вели Јорданов.
Јорданов посака оваа реализација да придонесе иден развој на капацитетите во оваа индустриска зона и олеснителна околност за сопствениците и на тој начин се развива градот.
Штипскиот градоначалник Јорданов истакна дека оваа зона очекува да се развива, а тие како локална самоуправа секогаш стојат на располгање да дадат поддршка во изградбата на инфраструктурата.







