20.2 C
Shtip
spot_img

ГИ МОЛАМ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ДА НЕ БРЗААТ СО ЛАСЕРИ И ЕСТЕТСКИ КОРЕКЦИИ НАДВОР ОД ЛЕКАРСКИТЕ ПРОТОКОЛИ, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИ

Директорот на Фондот за здравство (ФЗО) Сашо Клековски апелираше до повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки и за сите третмани да се консултираат со стручни тимови.

Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, над 200 беа повредени. На болничко лекување се уште 10 пациенти, по петмина во Скопје и во странство. Во тешка состојба сѐ уште е една пациентка.

Клековски кажа дека во Општата болница во Кочани, 10 лица  беа третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити). Интервенциите ги изведе тим од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.  ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.

„Сакам да укажам на тоа дека постојано се зборува дека не се прави ништо за повредените. Тоа создава несигурност и неизвесност кај повредените и нивните семејства и веќе има притисок да брзаат, бараат консултации надвор од востановените доктрини и протоколи за третман на изгореници. Не се препорачува ласер за третман додека не поминат 6 месеци. Ќе треба да поминат 1 или 2 години за да заврши заздравувањето на кожата пред да почнат естетски корекции. Целиот процес на заздравување ќе трае 2 години и цело време сѐ додека е потребно ќе биде покриено од државата.  Сакам да апелирам да има смиреност, ние сме целосно посветени кон нив и сме во соодветна комуникација со соодветните центри за изгореници. Ги замолувам повреденитее да се консултираат со директорката на Кочанската болница, д-р Катерина Мирчовски, со стручниот тим. Во однос на тоа дека е катастрофална состојбата на Болницата, морам да кажам дека се добива впечаток како да нема болница, како да таму нема институција. Таа Болница има редовен буџет од 4 милиони евра, има 50 лекари и 100 медицински сестри. Не збориме за гранапче, туку за здравствена  установа со соодветен капацитет. Централната порака која сакам да ја пратам е дека нашата посветеност е иста како во првите часови од трагедијата и ќе остане колку што треба“, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.

Директорот кажа дека лекувањата се покриени на сите повредени, и на тие 6 кои немале здравствено осигурување. Меѓу потешко повредените се деца кои не се во работна возраст, и рече, наскоро Министерството за образование и наука (МОН) ќе излезе со став за школувањето на тие што се трета или четврта година средно.

Одморалиштето „Пониква“ е подготвено за прием на повредените, но Клековски рече дека поаѓањето на првата група пациенти било одложено за наредните денови, на нивно барање, бидејќи примале ПРП-терапија.

„Над 40 се пријавени за првата група. Престојот во ‘Пониква’ е на доброволна основа, физикална терапија ќе си има во Општата болница во Кочани, ние не правиме преместување на третманот“, рече Клековски.

━ повеќе содржини

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама,...

Нови правила за влез во ЕУ и за македонските државјани

Новиот систем за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на...

Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши на Австралија опен

Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, се доближува до крајот на кариерата, но никој не знае со сигурност кога ќе се случи тоа. Сезонава,...

Двајца Штипјани од вкупно тројца Македонци ќе ја трчаат „Трката на џиновите“ на Алпите – една од најепските ултра планински трки во светот

Ултрамаратонците Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски – сите членови на ТРЕКС, ќе учествуваат на легендарниот Tor des Géants @tordesgeants – една од...

Штип е подготвен за фудбалскиот спектакл!

Финалните подготовки се во тек, Штип и штипјани се подготвени да го прослават јубилејот 100 години фудбалски клуб Брегалница. Утре (петок) од 19:00 часот...
spot_img