19.9 C
Shtip
spot_img

Во Штип приведен управител на образовен центар: Осомничен за недолично допирање на малолетнички

Полицијата во Штип приведе 65-годишен маж со иницијали А.Ш., по сомнежи дека во својство на управител на локален образовен центар, во тек на дополнителна настава подолг временски период недолично се однесувал кон неколку малолетни ученички, допирајќи ги по телото.

Случајот бил откриен откако родителите заедно со своите деца и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип се обратиле во полициска станица и го пријавиле настанот.

По пријавата, по наредба на суд, биле спроведени претреси во домот на осомничениот, како и во просториите на образовниот центар што го управувал. При тие активности биле одземени предмети кои, според истрагата, може да бидат значајни како докази во понатамошната постапка.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава. Судот подоцна му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

━ повеќе содржини

Конечно! Казината на најмалку 500 метри од училиштата!

Објектите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата – предлага Владата Со предлог-законот за игри на среќа...

Кога рамните стапала се причина за загриженост?

Повеќето луѓе не размислуваат за своите стапала сè додека не почувствуваат болка или непријатност, но лакот на стапалото игра важна улога во држењето на...

Штипјанецот Дамјан Давков „растура“ на математичките олимпијади – веќе е меѓу најуспешните наши математичари

Според официјалниот веб-сајт на Меѓународната математичка олимпијада, штипјанецот Дамјан има освоено три сребрени и два златни медали изминатите шест години. Последно нашиот математичар издоминира...

Српски платен убиец „падна“ во Македонија: Подготвувал ликвидација и расчистување на нарко-долгови

Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за...

Се крои стратегија за решавање на проблемот со кучињата и изградба на регионален стационар на истокот од државата

Се уште не е утврдена локацијата за изградба на регионалниот стационар за кучиња скитници во Источниот плански регион, а таа ќе биде позната по...
spot_img