20.9 C
Shtip
spot_img

Во Штип презентирани придобивките од изградбата на соларниот парк „Стипион“

Во Штип денеска на интерактивна работилница се презентираа придобивките од изградбата на најголемиот фотоволтаичен парк во земјава, на местото каде што требаше да се гради карго аеродромот, а на територија на општините Штип и Свети Николе.

Директорот на компанијата Акуо Катинка Рамбер истакна дека фотоволтаичната централа треба да произведува 400 мегавати електрична енергија и ќе биде најголем сончев парк во земјите од Западен Балкан.

-Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци, вели Рамбер.

Славе Ивановски, експерт за енергетска политика, забележа дека оваа сончева централа ќе придонесе и на намалување на увозот на електрична енергија.

-Оваа централа е од 400 мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000 жители, ќе придонесе за снабдувањето и сигурноста на системот во државата, но и ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање, изјави Ивановски.

Во проектот е вклучен и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, односно студентите од неколку факултети, кои ќе имаат практична настава при поставување на фотоволтаици, но и одгледување на земјоделски производ.

-Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности и во поставувањето на самиот парк, но и во изградбата на нивните станици, изјави Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната интерактивна работилница додаде дека Штип станува лидер во искористувањето на зелената енергија.

-Штип во последно време прераснува во енергетски центар заради природниот потенцијал што го има, а тоа е сончевите денови, присуството на ветер. Најавени се многу инвестиции во обновливи извори на енергија, рече Јорданов.

Инвестицијата за изградбата на соларниот парк „Стипион“ е предвидено да чини околу 300 милиони евра.

━ повеќе содржини

Универзитет “Гоце Делчев” во Штип денес ги промовираше новите декани по факултети

Ова се сите ново избрани декани на сите факултети и академии во склоп на штипскиот универзитет: 🌾Земјоделски факултет – проф. д-р Емилија Арсов⚡Електротехнички факултет –...

Ливерпул ќе го повлече дресот со број 20 во спомен на Жота

Ливерпул објави дека дресот со број 20 на клубот ќе биде повлечен од употреба по трагичната смрт на Диого Жота , кој го носеше бројот за време...

Инстаграм ќе им плати и до 20.000 долари на креаторите ако успеат да го направат ова!

Социјалната мрежа Инстаграм им нуди на избрани креатори на содржини во Соединетите Американски Држави до 20.000 долари за да ги привлечат луѓето кон апликацијата...

Опасна дрога се шири на Балканот: „Еден килограм може да убие до 500.000 луѓе“

Опасната дрога фентанил се шири сè повеќе на Балканот, особено во Бугарија. Се користи како замена за хероин, а стотици илјади луѓе починале од...

Штип е подготвен за почеток на новиот формат на Д-Фестивал!

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип....
spot_img