Штип во недела со изменет сообраќаен режим поради трката „Superior Runs 2026“
На 26 април, недела, во Штип ќе се одржи градската трка „Superior Runs 2026“, на која се очекуваат над 1.200 учесници од земјата и регионот.
Трката ќе се одвива на рута низ централното градско подрачје – од кеј „Маршал Тито“, преку улиците „Васил Главинов“, „Генерал Михајло Апостолски“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, со враќање на стартната позиција.
Поради настанот, во сила ќе биде изменет сообраќаен режим. Дел од улиците во центарот ќе бидат затворени во недела, додека од сабота (25 април) во 14:00 часот ќе биде ослободена платформата наспроти трговскиот центар.
Сообраќајот ќе биде пренасочуван, а на терен ќе бидат ангажирани редари, волонтери, полиција, обезбедување и Итна медицинска помош. Ќе биде овозможен и посебен коридор за брза интервенција на медицинските возила кон Клиничка болница – Штип.
Организаторите апелираат до граѓаните за разбирање и навремено отстранување на возилата од трасата, со цел безбедно и успешно одржува ње на трката која го промовира спортот и позитивниот дух во градот.







