29.9 C
Shtip
spot_img

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја, елеганцијата и безвременскиот дизајн. Настанот ќе се одржи на штипското шеталиште “Ванчо Прке”.

На едно место ќе бидат претставени внимателно сочувани олдтајмери – автомобили кои не се само превозни средства, туку вистински сведоци на едно поинакво време. Посетителите ќе имаат можност одблиску да ја доживеат убавината, карактерот и приказните што ги носат овие четиритркални легенди.

Oldtimers Car Show – каде што минатото оживува, а класиката никогаш не излегува од мода.

Пред да се изложат автомобилите на штипското шеталиште, ќе имаат кратко дефиле низ улиците на Штип.

Посебна благодарност до пријателите кои го помогнаа настанот:
генерален покровител: Општина Штип
покровители: ФС Штампа Хил, AirLift Guga, City Gym, Auto7, MotoX, Auto Ladev, Auto Corner, Zaba Cars, Sabatini, Auto Shammy, Auto Group, Си-Коп и организаторите Аутобос и Инфинити Про! Се гледаме во недела на шеталиштето

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img