31.7 C
Shtip
spot_img

Во ист ден, две несреќи со балони со топол воздух во Кападокија – загинал пилот, над 20 туристи повредни

Вчера (15.06) во Кападокија се случиле два инцидента со балони со топол воздух – едната несреќа завршила кобно за пилотот на балонот, а вториот инцидент бил само лошо приземјување, при што неколку туристи се здобиле со полесни повреди.

Една од најпознатите атракции во Кападокија е летањето со балон со топол воздух.

Но, една ваква авантура викендов заврши трагично.

Во неделата (15.06), во близина на селото Ѓозлукују во провинцијата Аксарај, се срушил авион на топол воздух при што загинал пилотот, а 19 туристи од Индонезија биле повредени.

Според изјавите на надлежните, несреќата се случила по нагла промена во јачината и правецот на ветрот, поради што слетувањето било отежнато.

Додека пилотот пробувал да го слета балонот, паднал од кошницата, а нозете му се заплеткале во јажињата. Кога балонот паднал, пилотот завршил под кошницата и загинал.

Повредените туристи биле пренесни во болница и наводно не биле во животна опасност.

Повторно во неделата, се случил уште еден инцидент со балон во Кападокија, овој пат во близина на селото Белисирма.

Авионот не се срушил, туку само слетувањето било проблематично, при што 12 туристи од Индија завршиле со полесни повреди.

Иако звучи страшно што во ист ден се случиле две несреќи, инцидентите со балони со топол воздух сепак се реткост, вклучително и во Кападокија.

Претходно, во 2022 година имаше несреќа во која загинаа двајца туристи од Шпанија. А, според некои извори, изминативе 30 години имало помалку од десет несреќи со балоните.

И експертите велат дека возењето со балони на топол воздух е безбедно и генерално најголемиот ризик е наглата промена во правецот и јачината на ветерот.

Но, Кападокија е место каде што временските услови се идеални поголемиот дел од годината. Притоа, внимателно се следи временската прогноза и пилотите не се ни осмелуваат да летаат ако се сомневаат дека ќе биде ветровито.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img