28.8 C
Shtip
spot_img

Во Грција ако возите и пиете кафе, тоа задоволство може да ве чини 100 евра

Иако низ Европа е вообичаено возачите да уживаат во утринското кафе додека се на пат, Грција и Кипар имаат поинаков пристап — многу построг.

Според нивните сообраќајни регулативи, пиењето кафе или било кое друго пијалок додека се управува возило се смета за одвлекување на вниманието и е казниво. Ова правило е дел од поширока стратегија за зголемување на безбедноста на патиштата, каде властите ги санкционираат сите активности кои ја намалуваат контролата врз возилото.

Во земји каде кафето е дел од секојдневието, ваквата регулатива можеби изгледа изненадувачки. Но, целта е јасна: помалку одвлекување – побезбедни патишта.

Според информациите на порталот Keep Talking Greece, оние кои ќе бидат фатени со едната рака на воланот, а со другата држат чаша кафе, ризикуваат казна од 100 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 30 дена.

Следниот пат кога ќе возите низ Грција оставете го кафето за подоцна. Вашата пауза за кафе ќе мора да почека.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img