23.5 C
Shtip
spot_img

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра

Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна комерцијализација“ на еден од најпознатите настани во Холивуд.

„Роб репорт“ соопшти дека продава само три парови од овие билети преку својата услуга „Волт“ (The Vault). Интересно е што тие се нудат како понуда на екстремно скапи и луксузни подароци, како што се брод од 4,5 милиони долари, часовник вреден 110.000 долари или винска турнеја што чини 200.000 долари.

Сепак, „Волт“ им овозможува на заинтересираните да пополнат прашалник, по што нивниот сервисен асистент ги поврзува со „соодветниот продавач“, што практично значи дека влезниците се продаваат индиректно. Според описот, пакетот од 70.000 долари вклучува: Покана за ексклузивната забава „Златна вечер“, седиште на официјалната маса на доделувањето на наградите на 11 јануари, влез за забавата по доделувањето, престижна торба за подароци со називот „Златен глобус“, сместување во хотелот „Пенисјула Беверли Хилс“, пригодна облека, вклучувајќи и машки костум по мерка. До вчера, не е продаден ниту еден пар билети.

Новитетите го поттикнуваат прашањето: Како се променија „Златните глобуси“ откако „Пенске медија“ ја презеде контролата врз нив и ги претвори во профитна организација? Ова не е првпат компанијата да биде критикувана – претходно имаше обвинувања дека продава ексклузивни вечери поврзани со свеченоста на „Златен глобус“, како и – дека новата категорија „Најдобар подкаст“ е воведена повеќе од деловни причини отколку за навистина да се препознаат подкастите како емисии.

Портпаролот на „Златните глобуси“ ги отфрли критиките, велејќи дека индустријата ги поддржува новитетите и дека интересот за новата категорија подкасти е голем.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img