9.8 C
Shtip
spot_img

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра

Пред доделувањето на американските филмски награди „Златен глобус“ што ќе се одржи на 11 јануари во Лос Анџелес, се појави информација дека списанието „Роб репорт“ продава ВИП-влезници за 70.000 долари (60.700 евра). Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна комерцијализација“ на еден од најпознатите настани во Холивуд.

„Роб репорт“ соопшти дека продава само три парови од овие билети преку својата услуга „Волт“ (The Vault). Интересно е што тие се нудат како понуда на екстремно скапи и луксузни подароци, како што се брод од 4,5 милиони долари, часовник вреден 110.000 долари или винска турнеја што чини 200.000 долари.

Сепак, „Волт“ им овозможува на заинтересираните да пополнат прашалник, по што нивниот сервисен асистент ги поврзува со „соодветниот продавач“, што практично значи дека влезниците се продаваат индиректно. Според описот, пакетот од 70.000 долари вклучува: Покана за ексклузивната забава „Златна вечер“, седиште на официјалната маса на доделувањето на наградите на 11 јануари, влез за забавата по доделувањето, престижна торба за подароци со називот „Златен глобус“, сместување во хотелот „Пенисјула Беверли Хилс“, пригодна облека, вклучувајќи и машки костум по мерка. До вчера, не е продаден ниту еден пар билети.

Новитетите го поттикнуваат прашањето: Како се променија „Златните глобуси“ откако „Пенске медија“ ја презеде контролата врз нив и ги претвори во профитна организација? Ова не е првпат компанијата да биде критикувана – претходно имаше обвинувања дека продава ексклузивни вечери поврзани со свеченоста на „Златен глобус“, како и – дека новата категорија „Најдобар подкаст“ е воведена повеќе од деловни причини отколку за навистина да се препознаат подкастите како емисии.

Портпаролот на „Златните глобуси“ ги отфрли критиките, велејќи дека индустријата ги поддржува новитетите и дека интересот за новата категорија подкасти е голем.

━ повеќе содржини

ВО КАНАДА КУЧИЊАТА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ ЗА ДА НЕ ОСТАНАТ ДОМА САМИ!

Во Канада постои нешто што буди насмевка кај секој љубител на животни-куче кое се качува на мал жолт автобус, шепи на седиштето, јазик надвор...

„Парни ваљак“ со прв студиски албум без Аки Рахимовски

Иако ова е првиот албум создаден во новото поглавје на бендот, присуството на Аки Рахимовски се провлекува низ секој чекор од процесот. Премалку време помина...

Езерото Каракурт во Источна Турција пресуши, се појави потопено село од 2020 година

Двокатни станбени згради, џамија со зачувано минаре и остатоци од црква се меѓу објектите што се појавија од потопеното село. Овие објекти го привлекоа...

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски номиниран за престижната музичка награда „Греми”

Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше...

Деколтето на Бијонсе „собрано“ во формула 1

Гран-прито во градот на коцката заврши, со триумф на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Во Лас Вегас викеднов бројни  светски ѕвезди, а најголемо внимание привлече...
spot_img