9.8 C
Shtip
spot_img

Ветровито и студено за време на новогодишните празници

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 5 до 0, а максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени.

Во Штип, претпладне ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус 2, а максималните ќе достигнат до 10 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурите.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img