28.2 C
Shtip
spot_img

БЕЗ КЛИМИ ВО „ФИЌОВЦИТЕ“ ИЗВОЗЕВМЕ 3.000 КИЛОМЕТРИ ДО ВИЕНА И НАЗАД, ВЕЛАТ ДЕВЕТТЕМИНА ВОЗАЧИ ОД ШТИП

Деветмината штипјани со девет „фиќовци“, произведени во 1960-тите години, по изминати 3.000 километри до Виена и назад, се вратија во Штип без никаков проблем на патувањето, дури и на планинските превои во Словенија и Австрија.

„Планиравме да заминеме со 8 ‘фиќовци’, но во последен момент ни се приклучи уште едно, па за Австрија при крајот на јуни заминавме со девет автомобили ‘застава 750’. Месец дена ги подготвувавме за пат долг и во двете насоки над 3.000 километри“, вели автомеханичарот Драган Јорданов, еден од водачите на групата во која се и Алексаднар Ристов, Горан Стоилков, Александар Георгиев, Дејан Берков, Зоки Јанев, Кире Каров, Душко Кугла и Игор Неделков.

“Возевме по топло време и под високи температуруи во возилата кои, како што е познато, немаат клима уреди. Моторите на автомобилите беа со кренати капаци и без да загрејат ги поминавме сите планински превои во Словенија и Австрија и без проблеми се вративме назад . Натаму одевме преку Србија, Хрватска и Словенија во Австрија, а назад по истиот пат само до Загреб затоа што отидовме за Сараево и преку Тара од Србија се вративме назад во Штип“, вели 40-годишниот Јорданов, кој уште како дете е вљубеник во автомеханичарскиот занает и во своите неколку „фиќовци“.

Како што велат останатите возачи, најголем противник биле високите температури, но сите возила издржале. Имале само мала, рутинска интервенција на едно „фиќо“, но добро е оти сите се разбираат од автомеханика.

„Најголем противник на возачите беше само сонцето кога возевме па сите изгоревме по рацете. Бевме приморани да имаме кратки паузи, но тоа го правевеме кога полневме бензин, па малку се освежувавме. ‘Фиќовците’ имаат резервоари од 28 литри, па ги дополнувавме со гориво на секои 300-400 километри. Возевме со брзина од 80 до 100 на час и просечната потрошувачка изнесуваше од 5-6 литри на сто километри. Сите сме задоволни од патувањето и од неколкудневниот претстој во Виена и во БиХ и планираме догодина пак да одиме на веќе традиционалната средба на меѓународниот автоклуб ‘Застава’ од Виена, на која присуствуваа македонци кои живеат во Германија и Швајцарија“, рекоа возачите од Штип.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img