31.2 C
Shtip
spot_img

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделиле, следи развод?

Една од најпознатите брачни двојки во светот на спортот, Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, повеќе не се заедно. Според пишувањата на германскиот магазин „Бунт“, поранешната српска тенисерка и германскиот фудбалер се разделени веќе два месеца.

Ана, која има 37 години, започнала ново поглавје во својот живот. Таа ги земала трите нивни деца, Лука (7), Леон (4) и Тео (1), и се преселила во Белград, каде што живее во стан од околу 100 квадратни метри, во близина на нејзиниот родителски дом. Соседите ја опишуваат како скромна, приземјена и пријателска, далеку од гламурот со кој порано се поврзуваше.

Во меѓувреме, Бастијан Швајнштајгер продолжува со своите професионални обврски, живее во Минхен и често патува како фудбалски аналитичар. Според блиски извори, токму постојаните патувања, различните живеалишта и недостатокот на семејно време се причините за нивната одлука за разделба.

Иако досега ниту Ана ниту Бастијан не се огласиле јавно за состојбата, сè повеќе детали укажуваат дека нивната врска е пред крај. Тие се венчаа во 2016 година во Венеција и долго време важеле за идеална двојка – хармонични, стилски, секогаш насмеани. Но, како што често се случува, она што го гледа јавноста не секогаш ја одразува реалната состојба во приватноста.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img