21.4 C
Shtip
spot_img

Sora го надмина ChatGPT со милион преземања за помалку од пет дена

Новата апликација на OpenAI за генерирање видеа, во првите денови забележа побрз раст од популарниот ChatGPT, достигнувајќи еден милион преземања за помалку од пет дена, и покрај ограничената достапност.

Новата апликација на OpenAI за генерирање AI видеа од текст и шаблони- Sora, постигна значителен успех веднаш по лансирањето, надминувајќи ја дури и стапката на раст која првично ја имаше нивниот мегапопуларен ChatGPT. Sora достигна милион преземања за помалку од пет дена — побрзо од времето потребно на ChatGPT за да стигне до истата бројка.

Импресивен раст и покрај ограничувањата

Веќе првиот ден по објавувањето, Sora беше преземена 56.000 пати, што веднаш ја искачи на третото место на најпопуларни апликации во американскиот App Store, а потоа и на првото место. Бил Пиблс, раководител на развојот на Sora во OpenAI, потврди дека апликацијата на сите платформи го надминала милионот преземања побрзо од ChatGPT, иако пристапот е ограничен.

Според податоците на аналитичката компанија Appfigures, Sora во првите седум дена забележала 627.000 преземања на iOS, додека ChatGPT во истиот период имал 606.000. За споредба, на ChatGPT му беа потребни точно пет дена за да стигне до милион корисници, додека Sora го постигна тоа за нешто помалку.

Иако денес ChatGPT има околу 800 милиони активни неделни корисници, експлозивниот почеток на Sora покажува дека генеративните видеа би можеле да бидат следниот голем тренд — особено затоа што со моделот Sora 2, тие првпат изгледаат исклучително реалистично, можеби и премногу. Не е изненадување што многу корисници веднаш ја инсталираа и ја испробаа новата самостојна апликација.

Успехот е уште поимпресивен ако се земе предвид дека апликацијата беше лансирана со ограничувања:

  • достапна е само преку покани,
  • само во САД и Канада,
  • и само на iOS.
Другата страна на медалот

Огромниот интерес за Sora не помина незабележано. Популарноста доведе до појава на лажни апликации, кои се обидоа да ја искористат големата побарувачка и заедно собраа околу 300.000 преземања.

Од друга страна, и покрај рекордниот интерес, просечната оцена на Sora во App Store е само 2,8. Корисниците квалитетот на самата апликација го оценуваат со пет ѕвездички, но има и значителен број единици. Првите рецензии откриваат зошто: луѓето се загрижени поради реалистичноста на видеата и недостатокот на ограничувања, па сметаат дека Sora може да донесе повеќе штета отколку корист — особено преку лажни и манипулативни содржини.

„Луѓето мора да знаат за ова“, пишува еден корисник, истакнувајќи дека со Sora е премногу лесно да се создаде штетна содржина и да се пласира, на пример, до деца преку TikTok.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img