Дури 100 нови амбулантни возила, владата ќе набави во следниот период. Премиерот Христијан Мицкоски денес посочи дека алармантна и катастрофална е состојбата со старите возила. Истакна дека тие како Влада на последната седница ја донеле одлуката за отпочнување на постапката за набавка на овие возила, кои што ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата.
,,Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата.”, изјави премиерот Мицкоски
Инаку, како што посочи премиерот, постапката е веќе отпочната, а со ова се очекува да се унапредат сите ЈЗУ во државата.