21.4 C
Shtip
spot_img

Off Road Club Штип организира настан во чест на Тони – Папата

Да покажеме дека вистинските луѓе не се забораваат – тие се носат со себе.

Драги пријатели и колеги,

Ве покануваме да ни се придружите на посебен меморијален настан што го организираме во чест на нашиот драг другар и член– Тони Димитровски – Папата, кој не е повеќе меѓу нас, но засекогаш останува во нашите срца. Настанот е отворен за сите оф роад ентузијасти кои сакаат да оддадат почит на човекот кој живееше со срце за теренот и адреналинот во него .

Овој ден нема да биде само возење. Ќе биде патување низ спомените, низ шумите и патеките што тој ги сакаше.

Понесете добро расположение, малку енергија за тежок терен и многу љубов – за да го прославиме животот на човек кој остави длабоки траги зад себе – не само по патеките, туку и во срцата на сите нас.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img