16.5 C
Shtip
spot_img

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Голем број познати имиња од забавната музика, на гала концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и за нив напиша повеќе од 700 композиции – едиствениот маестро Кире Костов.

„Летај Галебе“ е насловот на концертот што ќе се одржи во Националната опера и балет во режија на Дејан Пројковски, а под диригентската палка на Сашо Тататрчевски. Музички соработници се Дамир Имери и Владимир Костов а ќе настапи и голем камерен оркестар. Водители ќе бидат Живкица Каленикова и Огнен Јанески.

На концертот, во чест на големиот маестро ќе настапат Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Ѓоко Таневски, Биба Додева, Елена Ристеска, Лидија Кочовска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов. Ана Петановска, Елена Васова и Sugiya Makonami. Како гости ќе настапат и Љупчо Мирковски и Бобан Мирковски.

Ова е важен концерт за нашето семејство, бидејќи на овој начин овозможуваме да продолжи да живее делото на нашиот Кире. Кире беше човек кој живееше за музиката и за луѓето околу себе. Секој што ќе застане на сцената ќе донесе дел од неговата енергија и добрина. Им благодарам на сите уметници и соработници за нивната посветеност и ангажман. – вели Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на маестро Костов.

Инаку во чест на Кире Костов е издадена монографија „Летај Галебе“ на авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски, која имаше две промоции, во Битола и Скопје а имаше и своја уникатна радио промоција на брановите на Радио Бубамара.

Организаторите од Баги Комуникации додаваат дека „Летај Галебе“ не е само уште еден концерт, туку настан што ќе ја врати публиката во времето кога песните се создаваа со душа. Тие потенцираат дека е важно да се негуваат домашните автори, да се слуша музиката која била создавана низ времето и да се пренесува на генерациите што доаѓаат.

Инаку, Кире Костов е симбол на македонската музика – композитор, аранжер и диригент кој создаде повеќе од 700 песни што го обликуваа звукот на неколку генерации. Од безвременските хитови „Летај галебе“ и „Кога те нема“, до големите фестивалски композиции и оркестарски дела, неговото творештво претставува темел на современото македонско музичко наследство. Со својот уникатен спој на џез, поп и народни елементи, маестро Костов остави духовен и културен печат во нашата музичка историја.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, НЛБ Банка, Алкалоид и Триглав, а снимката ќе биде архивирана и емитувана на Македонската телевизија.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...
spot_img