9.8 C
Shtip
spot_img

Instagram има нова функција: Дали ќе ја користите?

Ако сакате да испраќате Reels клипови до вашите пријатели на Instagram, можеби ќе ви се допадне новата функција што ја воведува оваа апликација.

Оваа нова функција се нарекува Blend, а нејзината цел е гледањето и споделувањето на содржината на Reels да биде уште позабавно.

Blend-от се наоѓа во вашите пораки на Instagram. Кога ќе започнете Blend со некого, без разлика дали станува збор за приватен или групен разговор, добивате посебен feed од Reels клипови што комбинира предлози врз основа на активностите и интересите на сите учесници во тој разговор.

За да започнете, сè што треба да направите е да поканите еден или повеќе пријатели од пораката. Кога некој ќе ја прифати поканата, автоматски се креира Blend. Секој Blend е единствен за одреден разговор, што значи дека можете да имате повеќе Blend-ови со различни луѓе.

Feed-от се освежува секој ден, но исто така и кога некој во групата споделува нови Reels. Интересно е што секој клип ќе биде означен со името на лицето на кое таа содржина е конкретно препорачана – на тој начин знаете кому Instagram „мислел“ дека би му се допаднала.

Како да се користи Blend?

  • Отворете ја апликацијата Instagram и одете во DM.
  • Изберете го разговорот каде што сакате да го започнете Blend.
  • Допрете ја иконата Blend во горниот десен агол на екранот.

Сите учесници во разговорот ќе добијат покана, а кога некој ќе ја прифати, Blend почнува да работи. Важно е да се запомни дека предлозите за Reels за корисниците влегуваат во Blend само кога ќе ја прифатат поканата за учество.

Секогаш можете повторно да го отворите Blend со влегување во тој разговор и допирање на истата икона Blend на врвот. Секако, сите стандардни алатки – лајк, коментар и споделување – се сè уште достапни ако сакате да направите клипот да се истакне уште повеќе.

Новата опција веќе почна да им се нуди на корисниците ширум светот, затоа проверете дали е достапна и за вам.

━ повеќе содржини

ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОДЗЕМАНИ ОД ДРВОКРАДЦИ СО ГОДИНИ СЕ ТРУПААТ ВО КРУГОТ НА „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ВО ШТИП

Стотина хаварисани и нерегистрирани автомобили, трактори и камиончиња, одземени од шумската полиција поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво, со години стојат во...

Штипјанецот Коки Јанков со двоен албум и концерт во најава

„Навикни на промени“ е новиот двоен албум на музичарот Никола Јанков-Коки, кој треба да излезе за неколку месеци. Албумот е насловен по една од...

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е...

Богат спортски викенд претстои во Штип…фудбал, одбојка, кошарка

Во сабота со почеток од 14:30 ФК Брегалница во походот кон прва лига ја пречекува екипата на Саса од Македонска Каменица на Градскиот стадион...

Последната книга на Благој Самоников ќе биде промовирана постхумно

Утревечер постхумно ќе биде промовирана последната книга на авторот Благој Самоников, насловена како ,,Крикот на занемениот молк“ во домот на културата Ацо Шопов во...
spot_img