10.6 C
Shtip
spot_img

Facebook повеќе нема да биде ист – пристигнуваат огромни промени

Meta најави значајни промени во начинот на кој функционира споделувањето видео-содржини на Facebook. Во наредните месеци, сите видеа што се поставуваат на платформата ќе се споделуваат исклучиво во формат на Reels, што претставува значаен исчекор од досегашниот модел.

Досега, корисниците можеа да споделат видеа во различни формати, при што оригиналниот автор и споделувачот имаа различен преглед на содржината. Со новите измени, сета видео-содржина – без разлика дали е кратка, долга или во живо – ќе биде централизирана во Reels формат.

„Facebook останува дом за сите типови видеа – кратки, долги и Live“, соопштија од Meta. „Во наредните месеци постепено ќе ги воведуваме овие промени глобално, како за лични профили така и за страници, со цел да го олесниме креирањето, споделувањето и откривањето на Reels-видеа на Facebook.“

Дополнително, компанијата ќе ги укине постојните ограничувања за должината на Reels видеата. Моментално, лимитот изнесува 90 секунди, но тоа наскоро ќе се промени. Како дел од промените, сегашниот таб за видеа (Video tab) ќе биде преименуван во Reels tab.

Овие измени се дел од поширока стратегија на Meta, најавена од извршниот директор Марк Закерберг на почетокот од годинава. Тој изјави дека целта е Facebook да стане „културолошки повлијателна платформа отколку што е сега“, враќајќи се кон корените на платформата – времето кога таа се темелеше на автентични социјални интеракции и градење заедници.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img