23 C
Shtip
spot_img

Al Jazeera Balkans се затвора по 14 години работа?

По четиринаесет години работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект Al Jazeera Balkans се затвора, пренесува босанскиот медиум Klix.ba.

Al Jazeera Balkans е регионалната подружница на Al Jazeera Media Network со седиште во Катар, а првата балканска канцеларија беше отворена во Сараево на 11 ноември 2011 година.

Програмата на Al Jazeera Balkans се емитуваше на просторите на поранешна Југославија, нудејќи комбинација од локално продуцирани вести, документарци, дебати во живо, програми за бизнис, технологија и спорт, дополнети со содржини од Al Jazeera English.

Al Jazeera Balkans е првиот телевизиски канал на катарската медиумска мрежа што емитувал програма на некој друг јазик освен арапски и англиски.

Во изминатите 14 години, Al Jazeera Balkans беше особено позната по оригиналните содржини од документарниот сегмент. Во 2018 година, Al Jazeera Balkans го основаше фестивалот за документарен филм AJB DOC, кој се одржува секој септември во Сараево.

Причините за затворањето сè уште не се офивијално објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука поради финансиски причини.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img