Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира, а реновиерањето ќе трае речиси две години, изјави директорката Гордана Барбашка.
Деновиве треба да ја добиеме точната дата за отпочнување на активностите за реновирање на нашиот студентски дом. Точниот датум зависи од завршувањето на тендерската постапка и комплетирање на документацијата – вели директорката Барбашка.
Учениците и студентите кои годинава аплицирале за престој во домот, ќе бидат префрлени за постојан престој во поранешниот студентски дом Оаза во Штип.







